Вашиот доверлив извор за делови со врвен квалитет од 1991 година
Категории

За нас

Компанијата Автомонитор е основана 1991 година како увозник и дистрибутер на резервни делови за патнички и товарни возила. На самиот почеток работи најмногу за возила со потекло од поранешна Југославија, а како се менува возниот парк во Македонија така се менува и понудата на резервни делови. 

Денес компанијата нуди повеќе од 10.000 различни артикли за сите европски возила како MERCEDES, MAN, DAF, SKANIA, VOLVO, IVECO, VW, AUDI, BMW, FORD, OPEL, FIAT, PEUGEOT, REAULT, CITROEN, SEAT, SKODA и сите останатие европски и светски возила.

Автомонитор Кочани располага со два продажни-магацински простори, едниот со површина од 600м2, другиот со површина од 500м2 и двата објекти во градот Кочани. Компанијата Автомонито-Кочани е исто така и основач и парцијален сопственик на компанијата АВТО-АТОМ Кочани која се занимава со превоз на патници и поседува повеќе од 50 автобуси и минибуси.
Робата која се нуди во Автомонитор е од врвни европски производители кои потекнуваат од држави како Германија,Италија,Шпанија,Португалија,Србија,Турција и сл.Успешноста на компанијата се должи на стручно обучените вработени, опременоста на канцелариите со најнова компјутерска технологија и тимскиот дух кој владее во фирмата.
Во склоп на компанијата има и сервис за производство на хидраулични црева како и голем број други црева наменети за патнички и товарни возила.

Search for products

Back to Top
Product has been added to your cart